Утрински Весник
Свет

САД бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

САД бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН
Dik 300x250 mk

САД ќе побараат од Генералното собрание на Обединетите нации да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави денеска американскиот амбасадор во ОН.

„Учеството на Русија во Советот за човекови права е фарса. И тоа е погрешно, затоа веруваме дека е време Генералното собрание на ОН да гласа за неjзино отстранување“, рече Линда Томас-Гринфилд за време на посетата на Романија, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на руската акција во Украина, Генералното собрание на ОН усвои две резолуции со најмалку 140 гласа „за“, со кои се осудува Русија.

„Мојата порака за тие 140 земји кои храбро застанаа заедно е дека сликите од Буча и уништувањето низ Украина бараат од нас сега да ги усогласиме нашите зборови со акцијата“, рече таа.

Во саботата на интернет се појави видео на кое се гледаат тела на улиците на градот Буча, недалеку од Киев.

Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства врз 20 цивили.

Можете да прочитате

Украина во тајна операција уништи стратешки руски нафтовод

Холандија добива прв геј премиер во историјата

Белата куќа ќе го ограничува пристапот за новинарите