Домантас Сабонис со личен рекорд, стави крај на серијата од шест порази во која се наоѓаа кошаркарите на Индијана Пејсерс. Индијана славеа против Јута Џез 123:115. Пораз, изминатата ноќ, забележаа и водечкиот во лигата Финикс Санс, односно актуелниот шампион Милвоки Бакс.
Јута Џез, во Индијанаполис, го забележаа 12.пораз во сезоната. Третопласираниот тим на Западот, доживеа пораз 125:113 и покрај тоа што Донован Мичел постигна 36, а Бојан Богдановиќ 21 поен.
Џезерите немаа решение за Домантас Сабонис. Синот на славниот Арвидас Сабонис, го одигра мечот на кариерата, постигна 42 поени, од поле промаши само четири пати (18/22). Помош доби од ветеранот Ленс Стивенсон, кој од клупата придонесе со 16 поени и 14 скокови.
Мајами Хит, во Аризона, го совладаа лидерот, Финикс со 123:100. Мајами ја забележаа 25.победа во сезоната, додека Финикс го запишаа деветтиот пораз.
Без Џими Батлер, Хит, успеаја да победат на тешкото гостување, благодарение на Тајлер Хиро и Данкан Робинсон. Овие двајца постигнаа 50 отсто од поените на Мајами. Хиро мечот го заврши со 33, а Робинсон со 27 поени.
Кај Финикс се истакна Девин Букер со 26 поени, Мајкл Бриџис постигна 20, а Камерон Пејн 15 поени.
Резултати: Шарлот-Милвоки 114:106, Детроит-Орландо 97:92, Бостон-Њујорк 99:75.
> Сабонис со личен рекорд ја запре Јута, Мајами го победија лидерот Финикс <