Утрински Весник
Спорт

Сабаленка ја победи Квитова во финалето во Доха

Сабаленка ја победи Квитова во финалето во Доха
Dik 300x250 mk

Доха, 29 февруари 2020 (МИА) – Арина Сабаленка (Белорусија) ја освои титулата на силниот тениски турнир во Доха (Катар) со награден фонд од 2,9 милиони долари. Деветтото пласираната во шемата, Сабаленка ја совлада во финалето шампионката од 2018-ма и број 8 на табелата – Петра Квитова (Чешка) со 6: 3, 6: 3 за 74 минути игра.

За Сабалена, ова е трета титула во последните шест месеци и шеста во нејзината кариера од ВТА турнирите. Белоруската тенисерка направи еден брејк на патот кон успехот во првиот сет, а во вториот дел двапати освои гем на сервис на својот противник и го затвори мечот со својата четврта меч топка.

Квитова пропушти 5 брејк топки во почетокот на вториот дел и се чини дека тоа беше клучно за нејзинот конечен пораз. 21-годишната Сабаленака запиша 7 асови и заврши со 21 винер, правејќи само 15 неизнудени грешки.

Белорусинката е во серија од 11 последователни победи од турнирите во „Премиер 5“, откако ја освои титулата во Вухан (Кина) минатиот септември.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони