Утрински Весник
Спорт

Сабаленка ја доби белоруската битка за титулата во Острава

Сабаленка ја доби белоруската битка за титулата во Острава

Третата носителка, Арина Сабаленка ја освои својата седма ВТА титула во првото белоруски финале во женскиот тенис, совладувајќи ја Викторија Азаренка со 6:2/6:2 во финалето на Острава опен во Чешка.

Во речиси совршен меч, Сабаленка остана концентрирана во текот на целиот меч, додека двократната гренд слем шампионка Азаренка имаше проблеми во вториот сет, за на крајот помладата сонародничка да се одмазди за поразот на САД опен оваа година.

Сабаленка почна со брејк за брзо водство, и иако Азаренка успеа да ги заддржи следните два гема на свој сервис, очигледен беше падот во играта, по што таа побара медицински аут.

> Сабаленка ја доби белоруската битка за титулата во Острава <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1