Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Р. Кели знаеше дека сум малолетна, изјави сведок на обвинетелството

Р. Кели знаеше дека сум малолетна, изјави сведок на обвинетелството
300x250 opst2

Судењето на американскиот аренби пејач Р. Кели почна во судот во Бруклин, Њујорк.

Кели е обвинет за рекет, сексуална злоупотреба и поткуп; обвиненија што тој постојано ги негира.

Некои од наводите против пејачот – чие полно име е Роберт Силвестер Кели – датираат повеќе од 20 години. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки на обвинението, може да биде осуден на неколку децении затвор.

Првиот сведок, Џерхонда Џонсон Пејс, ѝ рече на поротата дека Р. Кели знаел дека е малолетна во 2009 година кога имале сексуален однос во Чикаго, каде што возраста за давање согласност за сексуален акт е 17 години.

Сега 28-годишна, таа сведочеше дека првично му рекла на Кели дека има 19 години, но ја открила нејзината вистинска возраст на денот кога првпат имале однос.

“Се чувствував непријатно. Чувствував дека мора да му ја кажам мојата возраст.“

„Тој ме праша: Што треба да значи тоа? и ми рече да кажам на сите дека имам 19 години – и да глумам 21.“, изјави рече Пејс, која признава дека некогаш била фан на пејачот.

Кели се соочува со обвиненија дека бил водач на дведецениската шема во која регрутирал жени и малолетнички за секс.

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината