Утрински Весник
Спорт

РФМ нема да ја користи финансиската поддршка од Владата за вработените

С. Македонија организатор на женско младинско Светско Првенство во 2024 година

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Раководството на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека донеле одлука да не ја користат финансиската поддршка за 13 свои вработени во спортската администрација за месеците април и мај 2020 во износ од 14,500 денари по вработен понудена во Уредбата на Владата на Р.С. Македонија од 4 април 2020 година.

Од РФМ велат дека ќе ги задржат на своите работни места сите административци, а при тоа висината на нивниот личен доход, независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане иста како во месец февруари 2020 година.

Со оглед на тоа дека тековните ракометни активности за март и април годинава се одложени поради здравствената криза а за истите Федерацијата веќе имаше резервирано финансиски средства, Управниот одбор на РФМ одлучи тие средства да се донираат.

Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен од страна на Ракометната Федерација на Македонија на наменската сметка на Министерството за здравство на Р. С. Македонија за справување со здравствената криза предизвикана од вирусот Covid-19.

Федерацијата апелира до целата македонска јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство преку нивните официјални канали на комуникација со цел побрзо да се вратиме на ракометот!

„Во оваа прилика, би сакале да упатиме голема благодарност до сите здравствени работници во земјава, до медицинските сестри, хигиеничарите, продавачите на пазарите и во супермаркетите, фармацевтите и техничарите во аптеките, транспортерите, пекарите и сите останати кои во овие специфични услови придонесуваат за непречено опслужувањето на основните потреби на сите домаќинства. Ја користиме оваа прилика и да упатиме искрени желби за добро здравје до сите македонски граѓани!“, соопштија од РФМ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1