Утрински Весник
Македонија

Русковска: Факт е дека Јанева примила пари

Русковска: Факт е дека Јанева примила пари

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Обвинението се темели на докази, и материјални и од сведочење на  поранешни колеги на Катица Јанева, така што апсолутно не е точно дека обвинението се темели само врз база на исказ на еден сведок, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за случајот Рекет.

Обвинителството, нагласи Русковска, со кое што моментално раководи за ниту еден предмет нема да поднесе обвинение само врз база на исказ на еден сведок или оштетен.

– Предметите физички воопшто не се донесени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите тие предмети се уште се наоѓаат во просториите на поранешното СЈО и по истите постапуваат колегите кои и претходно постапувале по истите. Од време на време доаѓаат да ми реферираат за постапките и во која фаза се, но сакам јавноста да знае дека истите обвинители постапуваат по тие предмети, изјави Русковска.

Во однос на тоа дека некои од истрагите се забавени, Русковска рече дека тоа не е така и поосчи дека веќе три месеци се наоѓаме во фаза на пандемија.

– Нас судот, ако предметите и да се готови на пример, што не се, но да се готови било кој предмет кој не е притворски во судот не ни го примаат обвинението дури не заврши пандемијата, изјави Русковска.

Прашана дали докажале пред судот дека обвинетите примиле пари, Русковска кажа дека факт е оти Јанева примила пари.

– Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон, изјави Русковска. аа/са/

Изјава на Вилма Рускоска

Posted by MИА.mk on Петок, 08 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие