Утрински Весник
Македонија

Русковска на средба со францускиот амбасадор

Русковска на средба со францускиот амбасадор
Dik 300x250 mk

Основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска имаше работен ручек со амбасадорот на Франција во Македонија, НЕ Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост, која неодамна стапи на оваа функција.

На работниот ручек што беше во знак на запознавање, стана збор за надлежноста на судијата за врска при Амбасадата на Франција, кој нема судска функција, туку да ја олесни билатералната кривична и граѓанска судска соработка помеѓу Франција и земјите во нејзината јурисдикција – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Кипар, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Воедно покрај прашањата поврзани со актуелните состојби во обвинителството, беа разменети и информации за францускиот правосуден систем и системот на земјите што се под нејзина јурисдикција, а беа понудени и можности за остварување на соработка преку организација, анимација или поддршка за обуки и семинари, учество на размена и состаноци поврзани со кривично правната материја.

Можете да прочитате

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово