Утрински Весник
Свет

Руски функционер: Србија има избалансиран пристап и не се приклучи кон антируската хистерија

Руски функционер: Србија има избалансиран пристап и не се приклучи кон антируската хистерија

Серијата проруски настани во Србија и српскиот дел на БиХ, како и во другите земји во регионот, се доказ за вистинското расположение на Балканот, рече рускиот функционер.

Во интервју за „Спутник“, Јури Филипсон, директор на четвртиот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи, особено истакна дека Србија се придржува до балансиран пристап кога станува збор за украинското прашање и не се приклучила на антируската хистерија, иницирана од САД и ЕУ.

„Истовремено, тие ги земаат предвид сопствените интереси и принципи. Таквата независна, разумна политика се заснова на големата поддршка од граѓаните на Србија. За тоа сведочат масовните акции за поддршка на Русија што се одржаа во Белград“, изјави рускиот функционер.

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат