Утрински Весник
Свет

Руски функционер: Вакцината делува, веќе ја примија моите родители и сопругата

Руски функционер: Вакцината делува, веќе ја примија моите родители и сопругата

Не стивнуваат реакциите во светската јавност откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија е прва земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот.

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите, дека поради нетранспарентноста не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена Спутник V, Русите се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа истата да стане јавно достапна.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој ги финансира истражувањата за вакцини против коронавирус, одобрени во Русија, најави дека воведувањето на лекот би било многу постепено.

„Ние нема да ја дадеме вакцината на 10 милиони луѓе веќе утре“, изјави Дмитриев за Си-ен-ен.

„Тоа ќе биде многу постепено, внимателно, движење напред“, додаде тој.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името Спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.

„Можеме да кажеме дека делува“, рече Дмитриев во програмата во живо на Си-ен-ен.

„Ја примив вакцината. Ја дадов на моите родители, на сопругата…“, рече тој.

Најавата за руска вакцина против коронавирус, предизвика многу скептицизам, особено во западниот свет. Светската здравствена организација во изјавата за руската вакцина истакна дека „истражувањата за вакцини треба да се забрзаат, но со следење на воспоставените процеси, низ секој чекор за развој, за да се осигура дека сите вакцини кои на крајот ќе влезат во производство се безбедни и ефикасни“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме