Утрински Весник
Свет

Руски проектили го погодија Николаев

Руски проектили го погодија Николаев

Неколку руски проектили го погодија украинското црноморско пристаниште Николаев, изјави во неделата помошникот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Антон Герашченко.

Герашченко во објава на социјалните мрежи рече дека локалните власти го пријавиле нападот.

Руските сили ги нападнаа јужните пристаништа на Украина, вклучувајќи ги Одеса, Николаев и Мариупол, додека се обидуваат да ја отсечат Украина од Црното Море и да воспостават копнен коридор од Русија до Крим, полуостров окупиран од Русија во 2014 година, пишува Гардијан.

Претходно Ројтерс објави дека во неделата се слушнале две експлозии во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, неколку дена откако руските власти ги обвинија украинските сили за напад на складиште за гориво таму.

Причината за експлозијата не е веднаш јасна. Еден сведок изјави дека експлозиите биле толку силни што ги скршиле прозорците на нејзината куќа во Белгород.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен