Утрински Весник
Свет

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација на преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија дека следниот пат Русија ќе фрли бомби на целта, наместо да испука предупредувачки истрели кон британскиот уништувач ХМС Дифендер кој, според рускуте власти, запловил во Црното Море и руските територијални води.

„Невозможно е да се скрие огорченоста поради објавата на Министерството за одбрана на Велика Британија, во која се наведува дека уништувачот наводно случајно поминал низ украинските територијални води. Морам да го предупредам поранешниот ‘морски владетел” дека следниот пат, ако го повторат ова, бомбите ќе паѓаат не покрај, туку на целта“, изјавил Гаврилов, а пренесува агенцијата ТАСС.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека Федералната поморска гранична контрола „го запрела упадот на британскиот брод ХМС Дифендер, на руска територија во близина на Крим“.

Се наведува дека британскиот уништувач влегол во руските територијални води три километри, а крајбрежен руски воен брод испукал предупредувачки истрели, откако претходно авион „сухој-24М“ фрлил неколку бомби покрај уништувачот, кој потоа ја напуштил руската територија.

Официјален Лондон, вчера негираше дека имало инцидент, но руското министерство објави видео во кое наводно се гледа моментот кога руските сили го потиснале британскиот борбен брод.

https://www.youtube.com/watch?v=lwbpt43GV7g

Москва прашањето во врска со овој инцидент ќе го покрене во ОБСЕ, изјави денеска за новинарите постојаниот руски претставник во таа организација, Александар Лукашевич.

„Секако дека ќе го сториме тоа“, рече Лукашевич, одговарајќи на прашање во врска со инцидентот, пренесе TАСС. „Тоа дури и ќе биде во неколку формати“, додаде тој.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата