Утрински Весник
Свет

Руски „МиГ-31“ пресретнал норвешки авион над Баренцовото Море

Руски „МиГ-31“ пресретнал норвешки авион над Баренцовото Море
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Борбен авион „МиГ-31“ од руската Северна флота бил ангажиран за да пресретне поморски патролен авион „П-3 Ц Орион“ на норвешки воздухопловни сили над Баренцовото Море, објави Националниот центар за контрола на одбраната на Русија, пренесува ТАСС.

Руските радари откриле воздушна цел над неутралните води во Баренцовото Море која се приближувала кон државната граница на Русија на 26 август, соопшти Центарот.

„Ловец „МиГ-31“ на воздушната одбрана на Северната флота за брза реакција беше ангажиран  за да се идентификува воздушната цел и да се спречи да ја наруши државната граница на Русија. Екипажот на рускиот ловец се приближил до воздухопловот на безбедно растојание и го идентификувал како поморски патролен авион „П-3 Ц Орион“ на норвешки воздухопловни сили“, соопшти Националниот центар за контрола на одбраната.

На норвешкиот воен авион не му било дозволено да ја наруши руската државна граница, истакна Центарот.

„Откако странскиот воен авион се оддалечи од државната граница на Русија, рускиот ловец безбедно се врати на домашниот аеродром“, се вели во извештајот.

Целиот лет на рускиот авион се одвивал во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор, истакна Националниот центар за контрола на одбраната.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин