Утрински Весник
Свет

Руски медиуми: Украина се согласи на преговори во Белорусија

Руски медиуми: Украина се согласи на преговори во Белорусија

Руските медиуми јавуваат дека Украина се согласила да води преговори со руската делегација во Белорусија.

Според РИА Новости, руската делегација од Минск заминала за Гомел.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека украинската страна треба самостојно да определи на кое ниво и во каков состав ќе биде претставена во преговорите со Русија.

„Секоја страна, обично во сите дипломатски преговори, самостојно го одредува нивото и составот што смета дека е неопходно, како на ниво на експерти, така и на ниво на самите шефови на делегации“, рече тој.

Претходно, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го коментираше одбивањето на Владимир Зеленски да разговара со руската делегација во Гомел. Според него, претседателот на Украина не ја донел оваа одлука сам.

Можете да прочитате

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија