Утрински Весник
Свет

Руски дипломат: Путин ќе користи нуклеарно оружје ако НАТО провоцира

Руски дипломат: Путин ќе користи нуклеарно оружје ако НАТО провоцира

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН вели дека Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје доколку НАТО ја „провоцира“ земјата.

Дмитриј Полиански, еден од највисоките руски дипломати во САД, зборуваше за „Скај њуз“, откако портпаролот на Владимир Путин рече дека неговиот шеф може да го притисне нуклеарното копче доколку земјата почувствува дека се соочува со егзистенцијална закана.

На прашањето дали Путин е во право кога на остатокот од светот му се заканува можна нуклеарна војна, Полиански рече:

„ Ако Русија е испровоцирана од НАТО, ако Русија е нападната од НАТО, зошто да не, ние сме нуклеарна сила. Мислам дека тоа не треба да се каже. Но, не е во ред да се закануваме на Русија и да се обидуваме да се мешаме во туѓи работи. Значи, кога се занимавате со нуклеарна енергија, се разбира, треба да сметате на сите можни исходи од вашето однесување“.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка