Утрински Весник
Свет

Руски војник кому му се суди за воени злосторства: Искрено жалам

Судењето за воени злосторства на 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин во Украина е одложено за понеделник. Ова е прво судење за воени злосторства откако Русија ја нападна земјата во февруари, објавија светските агенции.

„Жал ми е и искрено жалам за тоа. Бев нервозен во моментот кога тоа се случи. Не сакав никого да убијам. Но, тоа се случи и не негирам“, кажал тој на денешното рочиште.

Неговиот адвокат изјавил дека Шишимарин не знаел што се случува во Украина.

„Тој и другите руски војници не знаеја дека акциите ќе резултираат со масовни смртни случаи не само на војници туку и на цивили“, рекол адвокатот.

„Шишимарин беше во состојба на стрес предизвикан од борбената ситуација и притисокот од неговиот командант. Анализата на овие околности ми дозволува да заклучам дека Шишимарин немал директна намера да изврши атентат“, продолжил адвокатот.

„Дали ја прифаќате вашата вина? го прашал судијата. „Да“, одговорил Шишимарин. „Целосно? „Да“, тивко одговорил тој зад стаклото од неговиот сив метален кафез.

Обвинителите велат дека Шишимарин командувал со единица во тенковска дивизија кога неговиот конвој бил нападнат. Тој и уште четворица војници украле автомобил, а патувајќи во близина на Чупахивка наишле на 62-годишен маж на велосипед, изјавиле тие, според новинарските извештаи.

Според обвинителите, на Шишимарин му било наредено да убива цивили и употребил автоматска пушка калашников. Кремљ претходно соопшти дека не бил информиран за случајот.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина