Утрински Весник
Свет

Руски воени сили пристигнаа во Белорусија – ќе одржат заеднички воени вежби

Руски воени сили пристигнаа во Белорусија – ќе одржат заеднички воени вежби

Руски воени сили почнаа да пристигнуваат во Белорусија, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Белорусија, пренесува државната агенција Белта.

Претходно денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко најави дека во февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, пренесува Ројтерс.

Лукашенко му рекол на министерот за одбрана Виктор Хренин дека со руската страна се разговарало за сите прашања и дека се уште се утврдува точниот датум на вежбите.

– Определете го точниот датум на вежбите и информирајте не, за да не не обвинат дека сме акумулирале војници од ведро небо, како да се подготвуваме за војна – му рекол Лукашенко на министерот за одбрана.

Западот ја обвинува Русија дека собира војници на границата со Украина и подготвува инвазија на таа земја, додека Моксва категорично ги отфрла тие тврдења.

Можете да прочитате

САД бараат од Романија да користи бази за воени операции во Иран

Трамп: Војната ќе заврши кога и да посакам

Ирак: Нема да дозволиме ниту Иран ниту САД да извршуваат напади од наша територија