Утрински Весник
Свет

Руските сили го бомбардираа пристаништето во Николаев

Руските сили го бомбардираа пристаништето во Николаев

Руските сили синоќа бомбардираа пристаниште во украинскиот град Николаев, соопшти Украинската управа на пристаништа

Како што се наведува, во нападот била оштетена пристанишната инфраструктура, но нема информации за жртви, пренесува Укринформ.

Се додава дека во вчерашните воздушни напади врз Николаев загинале три лица, а едно е повредено, како и дека биле оштетени неколку станбени згради, болница, хотел и бензинска пумпа.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос