Утрински Весник
Свет

Руските дипломати ја напуштаат Украина

Руските дипломати ја напуштаат Украина

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваа руските медиуми, цитирајќи  изјави на украински граѓани.

Според нив, наводно, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

Претходно, неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

И македонското МНР, вчера апелираше до граѓаните да не патуваат во Украина, а тие што се таму да ја напуштат земјата

Можете да прочитате

Гренел: УСАИД „непромислено“ трошеле пари на Западен Балкан

Ердоган: Историската посета на сирискиот претседател Ал Шара означува почеток на „трајно пријателство“

Во нападот во Шведска загинаа околу 10 лица