Утрински Весник
Економија

Руските банки и енергетскиот сектор на удар од нови санкции

Руските банки и енергетскиот сектор на удар од нови санкции

Како дел од шестиот пакет санкции против Русија, Европската унија разгледува мерки кои се однесуваат на банкарскиот сектор, поточно на Сбербанк. Се разгледуваат и ограничувања во областа на енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа посочи дека главната цел на санкциите е да се намалат приходите на руските власти и дека ЕУ во моментов разгледува паметни механизми кои ќе овозможат нафтата да биде вклучена во следниот пакет санкции, пренесува Спутник.

Фон дер Лајен ги негираше критиките упатени кон германската влада дека го забавува усвојувањето на антируските санкции.

Лајен изјави дека Германија многу години ја поддржувала Украина и ги одобрила сите пет пакети санкции кои биле предложени во рок од 48 часа. ЕУ никогаш не постапила толку обединето, енергично и одлучно како сега, рече претседателката на Европската комисија.

Можете да прочитате

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година