Утрински Весник
Свет

Рускиот патријарх: Украина мора да биде уништена како нацистички рајх

Рускиот патријарх: Украина мора да биде уништена како нацистички рајх

Рускиот патријарх во говорот пред руската армија повика на уништување на Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

„Откако еднаш го скршивме столбот на фашизмот, ќе го направиме тоа повторно“, рече тој, додавајќи дека Украина „мора да биде уништена како нацистички рајх“.

„Русија одигра одлучувачка улога во поразот на фашизмот“, изјави патријархот по литургијата во главниот храм на руските вооружени сили, пренесува РИА Новости.

„Го скршивме ‘рбетот на фашизмот, кој несомнено ќе победеше да не беше Русија, да не беше подвигот на нашиот народ“, додаде тој.

Можете да прочитате

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД

Нетанјаху повикува на глобална коалиција против Иран