Утрински Весник
Свет

Рускиот патријарх Кирил: Западот ја испровоцира Првата светска војна, а Србите станаа главна цел

Dik 300x250 mk

Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска изјави дека Првата светска војна е испровоцирана од Западот и дека Србите, како што рече, „станале главна цел на западните сили“.

„И добро позната провокација во Сараево: сè имаше за цел да се стави крај на постоењето на Србија, православна земја, блиска по дух до Русија, но опкружена со западни земји“, рече Кирил во говорот во главниот храм на руските вооружени сили, пренесува РИА Новости.

Кирил смета дека Западот не сакал меѓу своите народи да има, како што навел, „храбри, православни луѓе кои ја сакаат Русија“ и дека тој ја испровоцирал Првата светска војна.

Рускиот патријарх додаде дека Русија, за разлика од западните земји, никогаш не водела војни само заради збогатување или окупација на територии.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети