Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рускиот министер за здравство предупреди: Висок ризик од смртност шест месеци по заразувањето со корона

Рускиот министер за здравство предупреди: Висок ризик од смртност шест месеци по заразувањето со корона
300x250 opst2

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска предупреди на висок ризик од смртност шест месеци по заразувањето со коронавирус.

„Шест месеци по инфекција со Ковид-19, ризикот од смрт нагло се зголемува“, рече министерот Мурашко во интервју за ТВ каналот „Русија 24“, а пренесе агенцијата Тасс.

Тој изјави дека заболените, меѓудругото, може да развијат разни компликации поврзани со формирање на згрутчувања во крвта, оштетување на нервите и кардиоваскуларниот систем.

Мурашко нагласи дека пациентите кои неодамна имале коронавирус треба да бидат меѓу првите што ќе имаат детален медицински преглед.

Според министерот за здравство, веќе се направени списоци на луѓе на кои ќе им биде понудено да направат подетален годишен преглед.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната