Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рускиот конзулат во Њујорк бара да се осигура неговата безбедност

Рускиот конзулат во Њујорк бара да се осигура неговата безбедност
Img 7972

Рускиот генерален конзулат во Њујорк побара од Канцеларијата за странски мисии на Стејт департментот на САД да преземе мерки за да ја осигура неговата безбедност откако биле извршени акти на хулиганство пред неговата зграда, пренесува ТАСС.

Антируски митинг се одржа пред зградата вчера попладнето, при што неидентификуван учесник фрлил конзерва со боја кон зградата.

„ Зградата претрпе материјална штета. Овој чин на хулиганство можеше да биде опасен за посетителите и за персоналот на конзулатот “, изјави дипломатската мисија за ТАСС.

„ Направивме бројни обиди да контактираме со полицијата во Њујорк, но тие не сметаа дека е потребно нивни просуство за воспоставување ред. Во вторникот вечерта се обративме до Канцеларијата на странски мисии, барајќи да се осигури безбедноста“ соопшти конзулатот.

Руските дипломати изјавија дека од 18 јануари наваму, Конзулатот има проблеми со телефонските линии.

„ Некои од клучните телефонски линии сè уште не се во функција. Постојано се јавуваме во телефонската компанија и кај службениците, но тие постојано цитираат технички проблеми “, велат од конзулатот.

Кон крајот на јануари, руски дипломати за ТАСС изјавија дека Конзулатот има проблеми не само со фиксните телефонски линии, туку и со мобилните телефони. Дипломатската мисија истакна дека никогаш порано не доживеала такви проблеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа