Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Рускиот гимнастичар Кулијак доби една година суспензија поради Z

Img 7972

Младиот руски гимнастичар Иван Кулијак доби суспензија од една година откако на подиумот на Светскиот куп во Доха се појави со симболот „Z“ на своите гради. Интернационалната гимнастичка федерација (ФИГ) исто така му го одзеде бронзениот медал кој го освои на натпреварувањето и ќе треба да плати 2.500 швајцарски франци.

Кулијак на 17 март, пред да стапат санкциите за руските и белоруските гимнастичари, освои бронза во разбој, во натпреварување во кое златото отиде кај Украинецот Илија Ковтун. Тој се појави на подиумот со Z на градите, симбол кој го користат руските трупи во Украина и во Русија е симбол на поддршка на воената интервенција.

Тој потоа се правдаше дека неговите украински ривали го провоцирале, а дека морал да го покрие грбот на Русија на градите.

„Во текот на натпреварувањето тие врескаа: ‘Слава на Украина или одеа на подиумот со националното знаме, а ние се натпреварувавме како неутрални спортисти. Најмногу ме налути што бараа да бидеме исфрлени, а не направивме ништо погрешно. Да имам шанса повторно би го направил истото“, изјави тогаш 20-годишниот Кулијак.

Русинот Кулијак тврди: Пак би носел „Z“, Украинците постојано провоцираа

Руски гимнастичар ја поддржа воената акција во Украина со „Z“ на градите

> Рускиот гимнастичар Кулијак доби една година суспензија поради Z <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент