Утрински Весник
Свет

Руска амбасада во Хрватска: Москва применува реципроцитет кон Загреб и Запад

Руска амбасада во Хрватска: Москва применува реципроцитет кон Загреб и Запад

Руската амбасада во Хрватска, по повод изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека е рамнодушен кон одлуката на Русија да ја вклучи Хрватска на листата на непријателски земји, соопшти дека таквата одлука се заснова на принципот на реципроцитет кон Загреб и Западот.

Владата на Руската Федерација вчера го одобри списокот на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, а во него се вклучени и некои земји од Западен Балкан, како Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и две ЕУ. членки – Словенија и Хрватска.

Во врска со вклучувањето на Хрватска на списокот, Пленковиќ на Твитер напиша дека таквата одлука „всушност не е важна“ и додаде дека хрватските власти „воделе правилна политика, со која можеме да се гордееме“.

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа