Утрински Весник
Свет

Русија ќе им исплати 5 милиони рубли на семејствата на загинатите војници

Рускиот претседател, Владимир Путин потпиша указ за исплата на пет милиони рубли на семејствата на припадниците на руската национална гарда кои загинаа во Украина и Сирија.

Руската национална гарда, позната како „Росгард“, е директно подредена на Путин, а е основана во 2016 година за борба против тероризмот и организираниот криминал.

Русија не објави нови податоци за воените загуби во Украина од 25 март, кога беше објавено дека загинале 1.351 војник, а 3.825 се ранети.

Можете да прочитате

64 лица загинаа во напад во Судан

Парламентарни избори денес во Словенија

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел