Утрински Весник
Свет

Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Dik 300x250 mk

Руската Државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.

Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да можат да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува РИА Новости.

Руската Државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.

Можете да прочитате

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз