Утрински Весник
Свет

Русија ја предупреди Британија по изјавата дека поддржуваат украински напади на руска територија

Руското Министерство за одбрана предупреди на „пропорционален одговор“ доколку Велика Британија продолжи со „директните провокации“, јавува „Ројтерс“.

Предупредувањето на руското Министерство за одбрана се однесува на изјавата на британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи, кој рече дека Британија ги поддржува украинските напади на руска територија.

Хепи рече дека „не е нужно проблематично“ ако Украина користи оружје донирано од Велика Британија во таквите напади.

„Сакаме да нагласиме дека доколку се случат напади што ги повика режимот во Киев, веднаш ќе дојде нашиот пропорционален одговор“, соопштило руското Министерство за одбрана.

„Како што предупредивме, руските вооружени сили се подготвени да извршат високопрецизни удари со долг дострел врз центрите за одлучување во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана, во најдиректната закана за Британија досега, соопшти дека во случај на такви руски удари „нема да биде нужно проблем“ доколку во тие центри за одлучување моментално се наоѓаат претставници на „одредени западни земји“.

Можете да прочитате

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Полска до своите граѓани: Ако е можно, напуштете ја Русија

САД и ЕУ блиску до договор за царини од 15 отсто