Утрински Весник
Свет

Русија ја обвинува Украина дека со помош на САД развивала биолошко оружје, Вашингтон и Киев негираат

Русија ја обвинува Украина дека со помош на САД развивала биолошко оружје, Вашингтон и Киев негираат
Dik 300x250 mk

Русија ги повика САД да ја појаснат ситуацијата со, како што тврдат, „воената биолошка програма во Украина“, додека Вашингтон ваквите тврдења ги отфрли како апсурдни дезинформации.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија открила докази за оваа воено биолошка програма за време на „специјалната воена операција“ во Украина.

Таа рече дека Русија има документи кои покажуваат дека украинското министерство за здравство наредило уништување на примероците на чума, колера, антракс и други патогени по 24 февруари, откако почна руската инвазија. Захарова тврди дека оваа програма ја финансирал Пентагон.

„Можеме да заклучиме дека во украинските биолошки лаборатории во непосредна близина на територијата на нашата земја се правел развој на делови за биолошко оружје“, изјави Захарова.

Киев ги негира сите вакви тврдења.

Портпаролот на Пентагон вчера изјави дека „апсурдната руска дезинформација е очигледна лага“.

Европската унија денеска соопштои дека се сомнева во кредибилноста на тврдењето на руската влада оти открила постоење на воена биолошка програма во Украина.

Можете да прочитате

Поради климатските промени, милиони луѓе низ светот се раселени, објави УНХЦР

Повторно непознати дронови на небото над Белгија

Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза