Утрински Весник
Свет

Русија ја загрози европската безбедност, оценува Борел

Русија ја загрози европската безбедност, оценува Борел

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, оценува дека руските дејствија ја загрозиле европската безбедност, а двата нацрт-договори што Русија ги испрати до САД и НАТО влијаат на целата европска безбедносна архитектура.

„Европската Унија е целосно посветена на безбедноста во Европа заснована на клучните принципи на ненапаѓање и почитување на националниот суверенитет и територијален интегритет. Денеска европската безбедност е загрозена“, се вели во соопштението на Борел.

Во писмената изјава, министерот за надворешни работи на ЕУ потсетува на дестабилизирачката улога за која тврди дека е нелегалната анексија на Крим, улогата на Русија во поттикнувањето на конфликтот во источна Украина, акциите во отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија и поддршката на Москва за Александар Лукашенко вклучувајќи ја неодамнешната акумулација на руски војници на границата со Украина.

Борел повторува дека ЕУ, заедно со своите партнери и сојузници, јасно укажала дека решително ќе одговори на секое понатамошно кршење на суверенитетот на Украина.

Тој додава дека ЕУ, во исто време, верува дека дијалогот, преговорите и соработката се единственото средство за надминување на споровите и постигнување мир.

Го поддржал предлогот на НАТО да се одржи Совет НАТО-Русија како одговор на нацрт-европските безбедносни договори објавени од Русија минатата недела.

Шефот на дипломатијата на ЕУ заклучува дека НАТО има клучна улога во гарантирањето на мирот во Европа и дека ЕУ сака да работи заедно со своите сојузници во решавањето на актуелната безбедносна ситуација на европскиот континент.

Можете да прочитате

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа