Утрински Весник
Свет

Русија: Утре отвораме хуманитарен коридор од Азовстал

Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал, пренесува Ројтерс. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време.

Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание, соопшти руската војска.

Украинските власти се уште не ја коментирале руската најава.

Можете да прочитате

Утре се одржуваат парламентарни избори во Данска

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја