Утрински Весник
Свет

Русија: Украински разузнавачи се обидоа да киднапираат наш воен авион

Службата за државна безбедност на Русија ФСБ објави дека нејзини агенти спречиле украински воени разузнавачи да киднапираат авион на руските воздухопловни сили, пишува агенцијата Тасс. Тие тврдат и дека операцијата била надгледувана од специјалните служби на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„ Федералната служба за безбедност ја откри и ја запре операцијата на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина за киднапирање на борбени авиони на руските воздухопловни сили, под надзор на специјалните служби на НАТО“, велат од службата.

ФСБ објави дека „украинските воени разузнавачки агенти, дејствувајќи во име на политичкото раководство на нивната земја, се обиделе да регрутираат руски воени пилоти за парична награда и гаранција за добивање државјанство на една од земјите на ЕУ, со цел да ги убедат да слетаат на аеродроми контролирани од вооружените сили на Украина“.

ФСБ тврди дека идентификацијата на овие планови овозможила и напад на голем број украински воени објекти.

„ За време на оперативната игра, руските контраразузнавачи добија информации кои им помогнаа на нашите вооружени сили да предизвикаат огнена штета на голем број украински воени објекти“, објави ФСБ и наведе дека идентификувани вработени во украинските специјални служби биле вклучени во операцијата.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп