Утрински Весник
Свет

Русија: Украина гранатираше села во регионот на Белгород

Во селата Журавлевка и Нехотеевка на 23 март беше прогласена вонредна состојба откако артилериска граната експлодираше од Украина.

Украина денеска ги гранатираше пограничните села Журавлевка и Нехотеевка во руската област Белгород, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

„Украина продолжува да ги гранатира Журавлевка и Нехотеевка, според извештајот на дежурната група на доброволната национална гарда, уништени се куќи и гаражи во Нехотеевка, а нема цивилни жртви“, пренесува ТАС С.

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток

Руте: Очекувам Европа да се обедини околу Иран

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран