Утрински Весник
Свет

Русија трет ден по ред бележи рекорден број на починати од Ковид-19

Русија трет ден по ред бележи рекорден број на починати од Ковид-19

Во Русија, трет ден по ред е забележан рекорден број на смртни случаи од коронавирусот.

Во последните 24 часа, 867 лица починале како последица на инфекцијата, додека вчера имаше 857.

Во изминатото деноноќие пријавени се и 23.888 нови случаи, најмногу од крајот на јули.

Смртноста во Русија почна да расте минатата недела, кога на 24 септември бројот на смртни случаи во еден ден беше 828, пренесува „Интерфакс“.

Дневниот број на новозаразени почна да расте кон средината на септември.

Од почетокот на пандемијата во Русија се регистрирани 7.511.026 случаи на коронавирус, а 207.255 луѓе починале.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием