Утрински Весник
Свет

Русија тврди: Преговараме со Шпанија, Франција и Германија за вакцината „Спутник В“

Русија тврди: Преговараме со Шпанија, Франција и Германија за вакцината „Спутник В“

Рускиот фонд за директни инвестиции започна преговори за процедури за зголемување на производството на вакцината „Спутник В“ и во ЕУ.

„Постигнавме договор со компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија да започнеме со производство на „Спутник В“. Сега се водат преговори со голем број компании за понатамошно зголемување на производството низ цела ЕУ“, рече претставник на Фондот, објавуват руските агенции.

„Спутник В“, анализираат медиумите сè уште чека на официјална регистрација во Европската агенција за лекови и додека не биде подготвена, Брисел не ја смета руската вакцина за своја стратегија.

Пред околу десетина дена, рускиот фонд кој стои зад „Спутник В“ објави дека веќе е постигнат договор со Италија и дека е утврдена локацијата каде ќе се произведува руската вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран порача до ЕУ доколку не можат сами, тие ќе им помогнат да го заштитат Гренланд

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран