Утрински Весник
Свет

Русија тврди дека се откриени првите случаи на птичјиот грип H5N8 кај луѓето

АХВ со препораки против опасноста за пренесување вирус од дивите птици

Русија соопшти дека ги открила првите случаи во светот на птичјиот грип H5N8 кај луѓето, иако досега нема информации дека вирусот се шири од човек на човек.

Властите испратија информации за седум случаи откриени кај работници во живинарска фарма во јужна Русија до Светската здравствена организација, изјави за медиумите Ана Попова, шефот за јавно здравје на земјата.

„Не се пренесува од личност до личност. Но, само времето ќе покаже колку брзо идните мутации ќе му овозможат да ја надмине оваа бариера“, рече таа. Откривањето на овој вид сега „ни дава на сите, на целиот свет, време да се подготвиме за можни мутации и можност да реагираме навремено и да развиеме тест-системи и вакцини“.

Заразените работници во живинарската фарма, каде што е пријавена епидемија кај птици во декември, имале благи случаи и се опоравиле, рече Попова.

Според веб-страницата на СЗО, „иако човечките инфекции со вируси А (Х5) се ретки и генерално се јавуваат кај лица изложени на болни или мртви заразени птици (или нивната околина), тие можат да доведат до тешка болест или смрт кај луѓето“. Шест од 14 случаи на птичји грип Х5Н6 кај луѓе пријавени од 2014 година биле фатални, соопшти СЗО во ноември 2016 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7