Утрински Весник
Свет

Русија тврди дека загинале околу 500 нејзнини војници, според Украина тој број е 7.000

Русија тврди дека загинале околу 500 нејзнини војници, според Украина тој број е 7.000

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека за време на специјална воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.

„Веста за безброј жртви во редовите на руската армија е дезинформација“, изјави за новинарите претставникот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Кога станува збор за загубите од украинска страна, Конашенков рече дека има над 2.870 загинати и околу 3.700 ранети, пренесува „Спутник“.

Од друга страна, според украинските власти, повеќе од 7.000 руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на земјата, изјави советникот на Зеленски, Алексеј Арестович.

Тој додаде дека се уапсени стотици руски војници, меѓу кои и високи чиновници.

Тој рече и дека командантот на руската армија бил пренесен во Белорусија откако бил тешко ранет.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија