Утрински Весник
Свет

Русија: САД го прават НАТО светски полицаец

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко денеска изјави дека Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана за Африка за да го претвори НАТО во светски полицаец.

Тој додаде дека глобалните амбиции на Алијансата доведоа до катастрофални последици во Африка и на Блискиот Исток, објави Спутник.

Претходно, министрите за одбрана на Шпанија и Велика Британија изјавија дека, заедно со ситуацијата во Украина, проширувањето на влијанието и активностите на Русија во Африка е „загрижувачка закана“ за безбедноста на земјите од НАТО и дека воената алијанса мора да го реши проблемот, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД