Утрински Весник
Свет

Русија протера двајца вработени во Холандската амбасада

Русија протера двајца вработени во Холандската амбасада
Dik 300x250 mk

Руското Министерство за надворешни работи објави денеска дека протерало двајца вработени во Холандската амбасада во Москва, пренесува РТ.

„ Му кажавме на претставникот на Холандската амбасада дека руската страна донесе одлука, водејќи се од принципот на реципроцитет, да протера од Руската Федерација двајца дипломатски службеници на Холандската амбасада во Москва. Тие ќе бидат обврзани да ја напуштат руската територија во рок од две недели“ се вели во соопштението на руското министерство.

Привремениот холандски амфасадор Јост Рајнтјес беше повикан во руското Министерство за надворешни работи во понеделникот. Министерството го изрази својот решителен протест против неоснованото протерување на двајца руски дипломати од Холандија во декември.

Во декември 2020 година, Руската амбасада во Хаг вети дека ќе возврати откако Министерството за надворешни работи на Холандија прогласи за персона нон грата двајца вработени во руската дипломатска мисија за наводни активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп