Утрински Весник
Свет

Русија протера американски разорувач од своите територијални води

Русија протера американски разорувач од своите територијални води
Dik 300x250 mk

Руски воен брод го пронајде американскиот разорувач „Џон Мекејн“ во руските територијални води во Јапонското Море и го протера, соопшти руското Министерство за одбрана.

Москва објави дека рускиот разорувач „Адмирал Виноградов“ вербално го предупредил американскиот воен брод и се заканил дека ќе употреби сила ако не ја напушти областа.

Американскиот брод по предупредувањето веднаш се врати во неутралните води, се вели во соопштението на руското министерство.

Ваквите инциденти се ретки, но покажуваат лоши дипломатски и воени односи меѓу Русија и САД кои паднаа на најниско ниво од Студената војна.

Рускот брод како дел од Пацифичката флота го следеше американскиот разорувач, за кој Москва рече дека ги повредил руските територијални води во 03.17 часот по Гринич на два километри од границата.

Инцидентот се случил во Заливот Петар Велики, се наведува.

Москва додава дека американскиот брод не се обидел повторно да влезе во руските води, но дека „Адмирал Виноградов“ продолжил да ги следи неговите движења и дека друг брод, корвета, бил испратен во областа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците на Западниот Брег во октомври достигнаа рекорден број

Мнозинства по потреба – нова политичка реалност во Европскиот парламент