Утрински Весник
Свет

Русија протера албански дипломат

Русија протера албански дипломат

Русија објави дека протерала албански дипломат, што претставува одмазда за протерувањето на рускиот дипломат од Албанија во јануари.

Според руското соопштение, првата секретарка на албанската амбасада, Јонида Дрогу, е прогласена за непожелна личност.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа.

„ Ова е одмаздничка мерка по одлуката на Албанија да го протера првиот секретар на руската амбасада во Тирана“, се наведува во соопштението.

Рускиот дипломат Алексеј Кирвочеев мораше да ја напушти Албанија во јануари поради кршење на владините прописи за борба против пандемијата на коронавирусот.

Русија соопшти дека тоа е „измислен изговор“.

Во март 2018 година, Албанија протера двајца руски дипломати за „вклучување во активности несоодветни за дипломатски статус“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската полиција привела 21.000 лица за време на 12-дневната војна со Израел

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

Си-Ен-Ен: Трамп и Путин ќе се сретнат во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ