Утрински Весник
Свет

Русија прогласи 40 германски дипломати за персона нон грата

Русија прогласи 40 германски дипломати за персона нон грата

Како одмаздничка мерка Москва прогласи за персона нон грата 40 вработени во германските дипломатски претставништва во Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„ На германскиот амбасадор му беше врачена нота со која 40 вработени во германските дипломатски институции во Русија беа прогласени за персона нон грата, како симетричен одговор на одлуката на германската влада“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

Денеска нова рунда директни преговори меѓу Русија и Украина

Екстремниот студ и нови бури им се закануваат на источните држави на САД