Утрински Весник
Свет

Русија повлече дел од трупите на Крим – заврши планираната воена вежба

Русија повлече дел од трупите на Крим – заврши планираната воена вежба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Единиците на рускиот јужен воен округ се враќаат во гарнизоните по маневрот на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„ Ешалонот со воена опрема на единиците на Јужниот воен округ го премина мостот на Крим на пат кон контролните пунктови по завршувањето на планираните вежби“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости.

Оклопни возила, вклучувајќи тенкови, борбени возила на пешадија и самоодни артилериски единици, беа натоварени на специјални железнички платформи. По пристигнувањето возилата ќе бидат подготвени за следната фаза од борбената обука.

Вчера официјалниот претставник на Министерството за одбрана, Игор Конашенков изјави дека руската армија, која учествуваше на заедничките воени вежби со Белорусија, кои започнаа на 10 февруари, се вратила во местата на постојано распоредување.

Силите на Алијансата на Русија и Белорусија, трупите на Источниот воен округ и Воздухопловните сили ќе останат во Белорусија за да ја извршат последната фаза од тестирањето, но по 20 февруари, по завршувањето на обуката ќе се вратат во своите единици.

Во големите маневри кои завршуваат учествуваа речиси сите руски воени окрузи, флоти и воздушни сили.

Руското Министерство за одбрана вчера почна да објавува видеа од повлекување на опремата од полигонот. Москва и Минск повеќепати нагласија дека вежбите се од одбранбен карактер и не се закануваат никому.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро