Утрински Весник
Свет

Русија повикува Приштина веднаш да ја повлече полицијата од северот на Косово

Русија повикува Приштина веднаш да ја повлече полицијата од северот на Косово

Руското Министерството за надворешни работи денеска изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата на Косово и Метохија, оценувајќи дека дејствијата на, како што се вели, привремените приштински институции се провокации насочени кон протерување на Србите од автономната покраина.

„Многу сме вознемирени од влошувањето на ситуацијата во северните региони на српската автономна покраина Косово… Во суштина, тоа е обид на локалните Албанци да ги преземат областите населени со Срби и да воспостават своја контрола. Овие посапки ги сметаме за провокација чија цел е продолжување на етничкото чистење и протерување на Србите од Косово“, се наведува во соопштението објавено на веб -страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Руското министерство исто така ги повикува властите во Приштина итно да ги повлечат полициските единици од северните делови на покраината, да ја прекинат саботажата и сериозно да се посветат на задачите за решавање на ситуацијата.

„Очекуваме дека американските и европските покровители на Приштина конечно ќе имаат отрезнувачки ефект врз нивните штитеници со цел да се избегне деструктивно сценарио што го загрозува целиот регион“, се додава во соопштението, кое го пренесува „Спутник“.

Руското МНР нагласува и дека КФОР и ЕУЛЕКС „повторно не можат или не сакаат да ја исполнат својата функција за одржување мир и безбедност“.

Се додава дека најновото зголемување на тензиите можело да се предвиди, со оглед на стагнацијата во процесот за решавање на косовското прашање, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени