Утрински Весник
Свет

Русија планира да ја тестира вакцината „спутник В“ против индискиот сој на коронавирус

Русија планира да ја тестира вакцината „спутник В“ против индискиот сој на коронавирус

Рускиот научно-истражувачки центар за микробиологија и епидемиологија „Гамалеја“ планира да ја тестира ефикасноста на вакцината „спутник В“ против индискиот вид на коронавирус, изјави директорот на Центарот, Александар Гинзбург.

Тој рече дека Центарот добил примерок од индискиот вид на коронавирус и дека резултатите од тестирањето на ефикасноста на „спутник В“ против овој вид се очекуваат до крајот на следната недела.

“Утрово ми беше кажано дека институтот доби примерок од индискиот вид на коронавирус. Следната недела ќе започнеме со тестирање со употреба на серум на вакцинирани лица. Резултатите треба да бидат достапни до крајот на следната недела”, истакна Гинзбург.

Инаку според светските агенции во Русија се веќе регистрирани првите случаи на заразени со индискиот сој на коронавирус.

Регионалниот огранок на Руската федерална служба за фитосанитарен надзор објави дека 16 случаи на овој вид се регистрирани кај индиски студенти на Државниот универзитет Улјановск, на околу 700 километри источно од Москва.

Дилиар Какимов, вработен во оваа здравствена агенција, изјави дека студентите биле ставени во самоизолација и дека биле под медицински надзор.

Светската здравствена организација во понеделникот соопшти дека индискиот сој на Ковид-19 е загрижувачки, бидејќи прелиминарните студии покажуваат дека најлесно се шири.

Можете да прочитате

Индиски и светски авиокомпании во вонредна проверка на прекинувачите за гориво на „Боинг“ по катастрофата на „Ер Индија“

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции