Утрински Весник
Свет

Русија обвини литвански судии за неправедна пресуда за случајот од 1991 година

Русија обвини литвански судии за неправедна пресуда за случајот од 1991 година

Рускиот Истражен комитет покрена обвиненија во отсуство против литванските судии кои изрекоа неправедна пресуда против руски државјани во случајот што се однесуваше на настаните во Вилнус во 1991 година, изјави за медиумите портпаролката на ИК, Светлана Петренко, пренесува ТАСС.

ИК вели дека на 27 март 2019 година, панел судии на Вилнускиот регионален суд на Република Литванија- Аинора Мачевичиене, Виргинија Тамосиунаите и Артурас Сумкас – намерно изрекле погрешна казна во врска со повеќе од 50 руски државјани, вклучително и Јури Мел и Генадиј Иванов, приведени на територијата на Литванија. Тие беа прогласени за виновни за злосторства против литванската држава и за воени злосторства за време на масовни немири во Вилнус во јануари 1991 година, кога беа убиени 13 цивили, а повеќе од 700 други беа повредени.

„Судиите Мачевичиене, Тамосиунаит и Сумкас беа обвинети во отсуство според Дел 2 од член 305 од Рускиот кривичен законик за намерно изрекување погрешна затворска казна против руски државјани. Истрагата ги презеде потребните мерки за да ги стави обвинетите на меѓународниот список на барани лица“, рече Петренко.

Таа објасни дека во моментот кога била изречена казната литванските судии биле свесни дека настаните во Вилнус се случиле во време кога Литванската Советска Социјалистичка Република беше составен дел на Советскиот Сојуз.

„За време на настаните во јануари 1991 година во Вилнус, вклучените советски воени службеници ги извршуваа своите должности и дејствуваа во согласност со советското законодавство со цел да се одржи јавниот ред и мир“, рече Петренко.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња