Утрински Весник
Свет

Русија: Немаме доволно вакцини за сите кои сакаат да купат

Русија: Немаме доволно вакцини за сите кои сакаат да купат

Официјална Москва не остана должна на никого за барањата за купување вакцини, но во моментов нема капацитет да ги прифати сите барања, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го коментираше барањето на претседателот на Чешка, Милош Земан, од Русија да купи вакцини „Спутник В“, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Русија внимателно реагира на секое барање и се обидува да обезбеди што е можно повеќе вакцини за земјите кои се соочуваат со недостаток на дози. Имаме премногу барања, а нашите производствени капацитети не се доволно големи за да ги прифатиме сите“, објасни Песков.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија