Утрински Весник
Свет

Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина

Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина

Украина ја обвини руската армија за насилно регрутирање цивили во окупираните делови на источна Украина, пишува германската агенција ДПА.

„ Руската армија, освен што регрутира млади луѓе, насилно ги принудува украинските лекари да служат во провинциите Херсон, Запорожје и Харков“, напишаа на Фејсбук украинските воени претставници.

Медицинските работници во Вовчанск и во провинцијата Харков биле принудени да ги лекуваат ранетите руски војници на бојното поле под смртна закана, соопштија украинските власти.

Украинските тврдења не можеа да бидат независно проверени.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека регрутирањето на украински цивили во руската армија ќе ги прекрши правилата на Женевската конвенција за заштита на цивилни лица во војна.

Можете да прочитате

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени