Портпаролот на НАТО Дмитриј Песков изјави дека НАТО најави дека ќе го зголеми контингентот, ќе ги концентрира војниците и средствата на источниот раб и дека ќе ги зголеми тензиите во безбедносната сфера.
– Сакам да свртам внимание на фактот дека сето ова се случува, не поради она што го прави Русија, туку поради она што го прави НАТО, САД и поради информациите што ги шират – нагласи Песков. Тој истакна дека сета оваа информативна хистерија е проследена со многу лаги.
Тој привлече внимание и на концентрацијата на украинската војска и опрема на линијата на одвојување во Донбас, што покажува дека Киев подготвува офанзива. Тоа многу ја загрижува Москва.
Песков посочи дека рускиот претседател Владимир Путин ги презема неопходните мерки за да ја обезбеди безбедноста и интересите на Русија и нејзините граѓани.
– Ние бевме иницијатори на преговори, консултации (за безбедносни гаранции за Русија) и очекуваме да добиеме писмен одговор на нашите предлози оваа недела, што треба да помогне да се избегнат вакви тензични ситуации во иднина – изјави портпаролот на Кремљ.
Според него, за жал, Русија моментално живее во „агресивна средина“.
– Ги прочитавме изјавите на претставниците на земјите од НАТО, апсолутно непријателски настроени кон нас. Тоа е реалноста во која живееме – заклучи Песков.
Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија во подготвеност и испратија дополнителни бродови и борбени авиони во нивните бази во Источна Европа.